Управата за јавни приходи утврди дека во 93 случаи фирмите се обиделе да го заобиколат законот, односно не ги регистрирале готовинските плаќања и не ја воделе финансиската евиденција на начин како што е предвидено со позитивните прописи. Даночниците утврдиле дека 32 објекти во Штип работеле со неправилности, 28 во Скопје, 25 во Битола и 8 во Кавадарци. Поради сторен прекршок, на сите обврзници кој постапиле спротивно на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, изречена им е парична глоба која се движи до 3.250 евра во денарска противредност, како и времена мерка за забрана на вршење на дејност од 15 дена, односно 30 дена.
Управата за јавни приходи утврди дека во 93 случаи фирмите се обиделе да го заобиколат законот, односно не ги регистрирале готовинските плаќања и не ја воделе финансиската евиденција на начин како што е предвидено со позитивните прописи.
Даночниците утврдиле дека 32 објекти во Штип работеле со неправилности, 28 во Скопје, 25 во Битола и 8 во Кавадарци.
- Поради сторен прекршок, на сите обврзници кој постапиле спротивно на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, изречена им е парична глоба која се движи до 3.250 евра во денарска противредност, како и времена мерка за забрана на вршење на дејност од 15 дена, односно 30 дена - информираат од УЈП.